Skip to content

Ако сме паметни, зошто сме глупави?

Во 2008 година, Рубен (18) планирал да направи кражба во продавница во Чикаго. Влегол во дуќанот со пиштол и натерал да му ги предадат сите пари. Меѓутоа, парите биле во сефот, а сефот можел да го отвори само менаџерот кој бил отсутен. Рубен одлучил покасно да си ја проба среќата уште еднаш, но за да заштеди на време на вработените им го оставил својот телефонски број и им наредил да му се јават кога ќе дојде менаџерот. Вработените после некој период го повикале Рубен да се врати, но на негово изненадување во дуќанот го чекала полиција.

Оваа приказна можете да ја пронајдете секаде каде што наведуваат примери на „најглупави криминалци“ на светот. Веројатно и самите помисливите дека Рубен е неверојатно глупав. Меѓутоа, не мораме да бидеме глупави за да правиме глупави работи. Чарлтон спомнува „паметни будали“, интелигентни луѓе без здрав разум. Хајман говори за тоа како паметните луѓе често знаат да испаднат глупави само затоа што се паметни (на пример, сред расеаност). W.B.J наводно не бил примен на универзитет затоа што за време на пријавувањето погрешно го спелувал зборот „професор“. Додека Ајнштајн еднаш си ја заборавил сопствената адреса на живеење па на таксистот му рекол „Вози ме во домот на Ајнштајн“.

Употреба на зборот глупавост

Зборот „глупавост“ го употребуваме толку често што и не знаеме точно да дефинираме што се подразбира под тоа. Balazs Aczel унгарски психолог, се заинтересирал токму за темата неинтелигентно однесување, затоа што како што вели, неверојатно е тоа колку е малку истражувано. Со сопствено истражување објавено во научното списание Intelligence, се обидел да одговори на прашањето што го прави одредено однесување глупаво, зошто и кога одредена работа ја нарекуваме глупава.

Aczel заедно со колегите собирал реални настани од новини, блогови и форуми, а критериум бил присуство на фразата како „правење глупава работа“, „глупавост“, „тоа беше глупаво“ или „глупаво“. 154 испитаници после секоја приказна одговарале на прашања: „Дали оваа работа би ја опишале како глупава?“, „Од 1 до 10, колку беше глупава?“, а после тоа да објаснат зошто мислат дека е глупава. Прво сакал да одгатне колку луѓе се согласни кога оценуваат некоја работа како глупава.

Се покажало дека меѓу испитаниците постои високо ниво на согласнсот – во 98% од случаевите една иста работа ја оценуваат како глупа.

Три видови ситуации во кои се користи зборот „глупавост“

Првиот тип на ситуација е кога постои расчекор помеѓу способност и самодоверба, а ја нарекле самоуверено незнаење. Актерот наумил да изврши одредена ризична работа, но му недостасуваат вештини да ја изведе. Таков е случајот со Рубен, и уште еден друг крадец наместо мобилен телефон украл вклучен GPS уред и на тој начин овозможил полицијата брзо да го фати.

Вториот тип на глупава ситуација е недостатокот на практичност – отсутност на умот, просто кажано, пад на вниманието. Понекогаш не сме сигурни дали глупоста е направена поради недостаток на практична интелигенција или недостаток на внимание, но се сведува на исто. Да речеме, не знаете да составите IKEA-in производ и покрај едноставноста и инструкциите. Во филмот „Шеширот на професорот Коста Вујич“, Јован Цвијиќ паѓа во дупка од чисто невнимание затоа што низ градот одел задлабочен во книга.

Конечно, третиот тип на ситуација е губење на контрола. Резултатот е опсесивно, компусливо или зависно однесување – се случува тогаш кога не сме во состојба да го контролираме нашето однесување. Пример, кога ќе го пропуштиме разговор за работа за да продолжиме да играме видео игра на компјутерот или ќе закасниме на важен состанок поради „скролање“ во Фејсбук „тајмлајнот“.

Колку е поголема одговорноста што му се припишува на актерот за неговото дело, и колку се покрупни и позначајни последиците, на скалата на глупавоста, делото добива повисока оцена. Поради тоа е самоувереното незнаење, т.е. преценување на сопствените способности, најголема глупавост на која можете да подлегнете.

Најглупава работа што може еден да ја направи е да се прецени себе. Тоа ни говори дека не морате да имате низок IQ за во очите на другите да се однесувате глупаво. Потребно е само лошо да ги процените своите способности“.

Извор:

Aczel, B. et al. (2015). What is stupid? People`s conception of unintelligent behaviorIntelligence, 53

Напишете коментар