Промоција на книга: „Патување со Самаритен” од Коле Манев

“Патување со Самаритен” е наслов на книгата на ликовниот уметник Коле Манев која ќе биде промовирана  на 17 октомври во 19 часот во хотелот “Холидеј ин”.

image

Уметникот својата креативност овој пат ја преточи во прекрасна книга/роман. Авторот Коле Манев ја започнува книгата со цитатот од францускиот писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста Андре Малро, кој говори за творештвото “Предмет на творештвото, е да се изрази, преку реалното тоа што не му припаѓа на реалното, тоа што постои само во творештвото”.

Промотор на книгата е г-дин Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач.
Книгата е во издание на издавачката куќа „Магор“ (BookCafeMagor).

Извор.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?