“Патување со Самаритен” е наслов на книгата на ликовниот уметник Коле Манев која ќе биде промовирана на 17 октомври во 19 часот во хотелот “Холидеј ин”.
Уметникот својата креативност овој пат ја преточи во прекрасна книга/роман. Авторот Коле Манев ја започнува книгата со цитатот од францускиот писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста Андре Малро, кој говори за творештвото “Предмет на творештвото, е да се изрази, преку реалното тоа што не му припаѓа на реалното, тоа што постои само во творештвото”.
Промотор на книгата е г-дин Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач.
Книгата е во издание на издавачката куќа „Магор“ (BookCafeMagor).
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.