Пред точно две години, книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на најфреквентната пешачка зона во Скопје – улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза).
За само 24 месеци ексклузивната кафе-книжарница прерасна во едно од најпрепознатливите и најпосетени места во центарот на Скопје.
Роденденот го славиме со 20% попуст на белетристика и литература за деца, што ќе трае до 20 октомври (сабота).
Попустот важи само за изданијата на „Арс Ламина“ во „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.
Посетете нè и придружете ни се во одбележувањето на вториот роденден! 🙂 – Напишале на поканата на нивниот настан од Литература.мк
Па, доколку сакате да се подновите со книги, посетете ги.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.