Размената на книги успешно реализирана во Кичево

Размената на прочитани книги и лектири настанот  кој го организираше Наталија Николаевска Богданоска во Кичево заврши успешно. Настанот се одржа во опуштена атмосфера во CheckIn и беше одлична можност за дружба со љубителите на книги и за размена на книжевни муабети и книги.
Можеби присутните не беа во огромен број, но атмосферата беше пријатна, опуштена и секој си замина со по минимум една книга.

Книгите се разменуваат трајно, а секој кој сака може да не земе книга, а своја да остави. Постојат повеќе варијанти за размената, секако со меѓусебен договор на тие што си ги разменуваат сопствените книги.

Ова беше мое прво учество на размена на книги и можам да кажам дека имам прекрасни впечатоци.

Се надевам дека ќе има уште вакви успешни размени во нашиот град, но следно со поголем број на учесници и присутни кои ќе дојдат на размената и ќе си заминат со нови стекнати познанаства/пријатели и со по некоја непрочитана разменета книга.

Галерија од настанот:

 

1234

Книгите кои ги добив од размената:

DSC_0325.JPG

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?