Skip to content

Списанието „Современост“ со неговиот трет број е објавено за 2018 година

Третиот број на списанието „Современост“ за 2018-та година на 136 страници нуди 11 поетски и 3 прозни прилози, 6 преводи, 8 теоретски текстови и 7 рецензии од авторите: Весна Мундишевска-Велјановска, Петар Наневски, Даниела Андоновска-Трајковска, Петко Шипинкаровски, Васко Маглешов, Александар Стаматов, Ѓорѓи Крстевски, Катерина Гогова, Родика Драхинческу, Немања Стојковиќ, Милица Миленковиќ, Стефан Костоски, Славчо Ковилоски, Милица Радевска, Иван Стојановски, Васил Тоциновски и други.

mkd-396567

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ е оформено 1951 год. од уредниците на „Нов ден“ и е директен наследник на ова списание.

Дел од уредничките тимови на списанието биле македонските писатели и дејци: Димитар Митрев, Коле Чашуле, Васил Иљоски, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Гого Ивановски, Гане Тодоровски, Цветко Мартиновски, Владо Малески, Ташко Георгиевски, Јован Бошковски, Миодраг Друговац, Александар Алексиев, Томе Момировски, Ристо Аврамовски, Душко Наневски, Георги Старделов, Васил Тоциновски, Мето Јовановски, Симон Дракул, Петар Ширилов и други.

Актуелни уредници на списанието се Стефан Марковски, главен и одговорен уредник, Снежана Стојчевска, извршна уредничка, и Никола Алтиев, уредник.

Во периодот на книжевните полемики помеѓу реалистите и модернистите, „Современост“ било списание кое било сметано за гласник на првите. Главен ривал на „Современост“ во овој период било списанието „Разгледи“, сметано за гласник на модернистите.

mkd-396566

Извор

Напишете коментар