Денес во 14 часот во просториите на домот за култура „Кочо Рацин“ се одржа свечениот чин на прославување на една година постоење на ЛК „КитКа“ од Кичево. Настанот го водеше претседеталката, поетеса и писателка Оливера Ширговска заедно со нејзините колеги основачи на клубот: Наташа Наумоска, Мира Илијоска, Лидија Аврамоска, Јован Миноски и други.
Беша направен осврт на активностите на клубот во изминатата година. Членовите од клубот учествувале на поетски манифестации како што се поетски читања, и други поетски ангажмани кои се случувале заедно во соработка со други литературни клубови од соседните градови. Членовите освоиле и неколку награди на тие манифестации што говори за квалитетот на клубот, за успешната промоција и негување на литературните дела, како и поддршка на сите нови членови и автори. Меѓу другите активности литературниот клуб учествувал на хуманитарен настан за поддршка на хуманитарната акција за децата со посебни потреби во Заводот за рехабилитација – Банско. Исто така во рамките на клубот биле спроведувани и неколку промоции на книги, меѓу кои и промоција на книгата „Другата Марта“ на писателот Горјан Петрески.
На денешниот настан по повод една година од постоењето на клубот се читаше поезија и од старите и од новите членови без што не би можело да помине ниту едно организирано собирање со членовите поети, поетеси и писатели.
Им беа доделени благодарници на директорот на домот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево и директорките на основните и средното училиште во Кичево, за нивната поддршка и отворена соработка со литературниот клуб.
Исто така, претседателката повика да се придружат сите заинтересирани љубители на пишаниот збор што пишуваат и ја негуваат поезијата за да членуваат во клубот, од сите генерации без разлика на пол, религиска припадност, возраст и националност.
По овој повод и јас лично како нов член имав можност да се претставам со своја поезија, и искористувам прилика уште еднаш да им го чеситам првиот роденден и да им посакам уште поуспешна година и многу напишани и наградени дела, настани, книжевни средби и дружби и уште поголеми успеси во инднина.
Мал дел од атмосферата преку слики:
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.