Пустина
Пустина
Осамена душа талка по неа
Чекори тешко, остава траги
Трагалки за младата
Пустина
Сува и бесконечна
Создава ум недополнет
Ум збунет до лудило
Пустина
Обелодени приказна зачната
За оаза плодна слова
Таму каде што е мелодијата
Пустина
Зграбена мисла па фрлена в ад
Па воскресната пред младата
Заминат номад кон утрото
Пустина
Изодена до бескрајот
Од почетокот до крајот
До младата, за момент
Пустина
Досадно било чекорењето со умот
По прашливата пустина
Замижав и замислив плажа
Ах пустината…
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.
…ух, оваа тешка…да се вложиш со умот па да уживаш во творбата.
Животот е драмска сцена, утрото е пролог додека ноќта епилог. Некојпат е лесно, некојпат тешко, се зависи од тоа каква претстава играме. Со еден збор, животот е комплициран како и поемава која е продукт од еден ден. Да не должам, едноставно ми е мило што ти се допадна. 😉