Дали ритамот на времето го чувствувам поинаку не знам
дали само надоврзаноста на мислата го носи животот напред
дали знаењето го влечи животот во безднa
или слободата која нема мисла значи среќавање со Адам.
Одговор барам во некоја мисла
но мислата само надолу ме влече
Сакам да ми напишат трепетна песна
и да извлечат од животот безопасен.
Животот не знам дали е опасен или само смртен
но знам дека љубовта е таа која нагоре ме крева
и животот го прави ни најмалку лесен.
Сепак, љубовта на живот еден друг живот дава
таа не тера да воскликнеме со восхит
тешко е да сакаш но лесно е да љубиш
да се љубиме зошто само љубовта е таа
што слобода и среќа дава.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.