![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2018/12/d0bad180d0b0d198d0b1d180d0b5d0b6d198d0b5d0bdd0b02d181d0bfd180d0bed182d0b8d0b2d0bdd0b8d181d0b2d0b5d182d0b0d0bad0bed0bdd0bad183d180d181.png?resize=452%2C640&ssl=1)
Крајбрежје на ДВА спротивни света објавува КОНКУРС за најдобар расказ за 2018 година што ќе биде прогласен во 2019. Што треба да направите за да учествувате?
- Право на учество имаат сите кои пишуваат и од сите генерации. Важно е само текстот да е на македонски јазик, да нема повеќе од 7000 карактери, да има име и презиме на испраќачот или шифра доколку сакате да е анонимен и испратен на следниов меил: [email protected]
- Расказот е на слободна тема и истиот ќе биде објавен на нашиот блог најкасно еден ден после неговото испраќање. Ќе имате можност да го споделувате на социјалните мрежи.
- Од сите пристигнати ќе одбереме еден кој ќе биде најдобар според следниов критериум: тој што ќе има најмногу допаѓања на објавата споделена на официјалната страна од блогот и ќе биде најсподелуван ќе има најголема шанса да биде избран, а исто така и коментарите под официјалната објава означена со хаштаг # ќе се земаат во предвид, но конечниот избор ќе биде на „жирито“ (составен од сите членови од тимот) кој ќе има задача да го одбере и прогласи најдобриот.
- Најдобриот расказ ќе добие симболична награда која ќе ја соопштиме на крајниот ден од испраќањето на расказите.
- Крајниот рок за испраќање на вашите раскази е 3.1.2019г. Во Јануари ќе се случи крајниот избор и прогласување на победникот.
Доколку имате некои прашања слободно прашајте во коментар или на нашиот меил за контакт. Ви посакуваме креативни моменти и ги очекуваме вашите раскази!
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.