Звукот на клавирот – Малечка

Ах, тој звук кој го измислил, без разлика дали е добар или лош, слушајте го звукот на клавирот кој е прекрасен бидејќи има магија по нотите што ги свири некој познат маестро, пренесувајќи порака која можеби ја разбираме или не, со неговите дирки во различни бои кои го прават посебен, препознатлив, но има своја вредност, својствена за него, затоа понекогаш може да не замисли и одлета на некое небо, внесе во љубовта со неговите акорди дури во светот на бајките каде сме на некое тајно место со саканата личност играјќи по врелиот песок на кој остануваат стапалки од нашите чекори,  е да по секоја нота од звукот на клавирот во ист ритам правиме чекор еден по еден за на крај да завршиме со прегратка и бакнежи во недоглед или кога не потсети на некои тажни моменти може да ни помогне музиката како лек за рана на срце и душа т.е.з а подобро расположение, но тогаш завршува свирењето, треба да се пробудиме и дадеме аплауз кој ќе се слуша надалеку и аплаудира уште долго, долго.

Автор: шифра – Малечка

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели