Сакаме да ви ја претставиме работилницата која ќе се одржи на 15.12.2018 од 12 до 14 часот во Public Room.
Разговори и дискусии со Ана COOL (Create Outstanding Original Life)
Работилница за истражување и идентификување на вредностите кои ни недостасуваат, како да ги зајакнеме истите и како да креираме задоволство и исполнетост во сопствениот живот.
Цел на работилницата: Да се подигне свесноста за враќање на вредностите кои ни ја даваат смислата на животот
– Вежба – Препознавање на вредностите кои се избледени во општеството денес?
– Дискусиja – Како да ги поттикнеме вредностите кои ни се значајни, кај луѓето околу нас, во нашата заедница и општеството?
– Потпишување на книгата Бескраен ум
Бенефити за учесниците:
– Идентификување на личните вредности
– Дефинирање на посакуваната визија за својот живот
– Препознавање на значењето на вредностите за достигнување на сопствената среќа
– Зголемување на свесноста за себе
– Разбирање на личната мотивација
– Пронаоѓање на смислата на својот живот
Цена на работилницата: 300 ден.
*Во цената е вклучена и англиско-македонската збирка на мисли/мудрости БЕСКРАЕН УМ
Пријавете се со име, презиме и контакт телефон на [email protected]
Но, и доколку не сте успеале да испратите пријава, присуството е добредојдено.
Повеќе за организаторката:
Ана Јованоска екс Костовска има завршено Економски факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на департманот Менаџмент. Постдипломските МБА студии ги завршила на Шилер Интернационалниот универзитет во Ларго, Флорида каде што се здобива со признание за извонредно академско достигнување (Neil Armstrong Award) од страна на универзитет. Неодамна докторира на Економскиот факултет во Скопје на тема: Менување на организациската култура преку промовирање вредности кои поттикнуваат тимско работење.
Автор е на англиско-македонските збирки на мисли/мудрости Бескраен ум и Бескраен поглед.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.