Ситниот, како што го нарекуваа сите оние што го познаваа, момчето бездомник и денес гладен талкаше по улиците со по некоја, за многумина невидлива, солза во негови-те крупни црникави очи, но секогаш со крената глава бараше по некоја ситна паричка од минувачите. Искинатите чевли, преголеми за неговите мали премрзнати стапала, кои ги имаше пронајдено во една депонија газеа по остатоците од февруарскиот снег. Се тре-сеше од студ додека неколку снегулки му се лепеа по лицето. И така секој ден, од утро па се до мрак. Честопати преспиваше на клупите во градскиот парк или пак во својата им-провизирана куќичка од картони и стиропор. Она што го имаа децата на негова возраст за него беше едноставно сон.
,,Денес ништо не сум јадел, ве молам ако можете да ми помогнете со некоја парич-ка“, од минувач на минувач тој неуморно молеше со својот преколнувачки детски поглед.
Некои луѓе едноставно само го погледнуваа, го игнорираа и поминуваа покрај него како да не постоеше, а дел од нив се сожалуваа на неговата тешка судбина и му потфрлу-ваа по некоја монета во малата дрвена правоаголна кутија што Ситниот секогаш ја носеше со себе. Тропкањето на монетите во кутијата беше единствената музика што можеше да си ја дозволи ова мало момче. Не знаеше ниту кое е неговото вистинско име ниту колку точно години имаше. Можеби осум или девет, како што му велеа другите постари без-домници со кои пребаруваше храна по контејнерите.
,,Кутрото дете! Господ нека му е на помош! Зар нема мајка или татко, па вака талка по улиците?!”, беа најчестите коментари кои што ги слушаше од минувачите и на кои што одамна веќе беше навикнат.
Но, овој ден се уште не најде доволно расположени минувачи за да добие доволно пари за да купи барем четврт леб. Веќе беше пладне, а тој ништо немаше јадено уште од вчера наутро. Цревата како камбани го предупредуваа за тоа. По малку тетаревејќи се и овојпат реши да си ја проба среќата во продавницата за велосипеди каде што сопственич-ката честопати му даваше и по две монети. Но, овојпат како пред него да стоеше сосема поинаква жена.
,,Излегувај! Нема да ти дадам ништо овој пат!”, на повисок тон му подвикна жената со светло кафена коса до рамениците и бела марама околу вратот, која што се гледаше дека е видно вознемирена поради нешто друго.
,,Но, г-ѓо ве молам, барем една монета, ништо немам јадено од вчера”, се уште не се откажуваше Ситниот.
,,Ти кажав да излезеш надвор! И јас ништо не сум јадела од вчера од толку многу про- блеми. Излези и не се враќај повеќе!”, таа речиси го поттурна кон излезот.
По овие зборови, Ситниот реши да се повлече. Знаеше дека овојпат нема да добие ништо и со веќе премрзнатата дланка си ја избриша солзата што како џамлија му се трка-лаше по десниот образ. Излезе надвор и неговиот поглед се сосредоточи на сите оние разнобојни велосипеди што како новогодишни лампиони светкаа на излогот, но не смее-ше повеќе да се задржува. Стомакот му свиреше како штурец сред лето. Мораше набрзи-на да стори нешто за да го замолчи.
***
По само дваесетина минути, Ситниот повторно без страв дека и овојпат ќе биде из-бркан како и претходно, пак се појави пред жената во продавницата за велосипеди.
,,Зар не бев доволно јасна малечок? Реков дека нема да ти дадам ништо!”, овојпат малку поблаго му повтори жената.
,,Но, јас не дојдов пак да барам пари г-ѓо. Само сакав да го поделам со Вас мојот ѓеврек зошто и вие како мене ништо не сте јаделе од вчера”, со мала насмевка Ситниот и го подаде парчето ѓеврек на жената која во истиот миг како да се скамени. Една солза и ја размачка шминката што набрзина ја беше нанела утрото. Полека посегна по парчето по-ловина ѓеврек и со сласт почна да го јаде додека Ситниот само ја гледаше. Кога жената го изеде ѓеврекот не можеше повеќе да ги задржи своите емоции и побрза да го прегрне.
,,Ти благодарам малечок, во животот не сум јадела повкусен ѓеврек. Јас те избркав пред малку како куче, а ти иако беше прегладнет ми даде дури половина од својот ѓеврек. Ох Боже, колку ли бев неправедна?” Жената веќе иако во солзи, се уште не престануваше да го прегрнува момчето.
,,Нема за што г-ѓо, јас поставив онака како што мислев дека е правилно! Имајте прија-тен ден!” Ситниот, разделувајќи се од нејзините прегратки и мафна и тргна кон излезот за да си оди, но жената за момент се созема и побрза за да го стигне. Го фати за раката и го изнесе пред излогот каде што беа поставени велосипедите за продажба, а потоа со една широка насмевка му рече:
,,Повели малечок, избери си го оној велосипед кој најмногу ти се допаѓа. Јас ти го по-дарувам!”
Автор: Александар Николовски
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.