Skip to content

Љубовта и животот во судбината на еден човек – 2000

  • by

Со години луѓето верувале и си помагале меѓусебно сè додека не дојдат предавници кои целата своја моќ ја гледале во една личност – Господ Бог. Убедувајќи ги и заканувајќи им се, успеале да го фатат и да го уништат.
Не успеал да се спротистави на нив, бил распнат на крст, а потоа воскреснал.

Ја сум како пеперутка која оди кон среќата , но тонам во мојата загуба.
Секогаш ги споделував проблемите со родителите бидејќи само така имаше разговор помеѓу нас. Бев разочаран чест , си велев дека не сакам да очекувам ништо од никого. Но, не можам да си го замолчам срцето. Дозволив секој да влегува и излегува од мојот живот, кога сакаат тие.

Се откажав од бесот , одрекувањето, прифатив сè. Не ме интересираше што е правилно , што не. Не знаевме за пристојност, ги слушавме само капките дожд како удираат по нашите лимени покриви, затоа не зарѓавме однадвор туку одвнатре. Го барав својот пат паѓајќи во калта на немаштијата. Се радував секогаш на најмалото нешто.
Само поради ова добив мотивација да им помагам на луѓето.

Избришав се негативно од мене , иако пак го има, но не е како порано.
Почнав да се понашам како мене ми одговара не на другите околу мене.
Таков и ќе остана , колку ќе живеам не ме интересира сум поминал јас до некаде, уште има за поминување. Но, ако сум ја поминал некаде едната половина и завршам прерано нека ја поминуваат другите останатата половина.

Треба да знаеш дека сè што ќе постигнеш во животот да биде од тебе, не од другите и да имаш свое јас. Тоа што верував на секого и што сакав секого, се затвори таа лектира со анонимен писател. Почнувам од почеток, секогаш кога погрешам сè од почеток, немора да ме сакаат, моите чувства, мисли, сонови за некоја личност од сега па натаму треба да се искажуваат секогаш директно, нема потреба да се крие ништо. Колку и да криеш некои работи еден ден во некоја неочекувана ситуација ги кажуваш касно и предоцна што немаат вредност повеќе.

Автор: Шифра: 2000

Напишете коментар