Селанецот си имаше куче по име Шарко. Тие добро се согласуваа и сакаа.
Еден ден откако се вратија од планината каде ги напасуваа овците, домаќинот си отиде дома, а Шарко легна под сенката малку да се одмори.
Една мува немаше што да прави па му досадуваше на Шарко. Му се пика во ушите па на носот па на лицето брмчеејќи.
Шарко се брани со шепата, али мувата никако да го остави да се одмори. Еднаш, два пати замавни Шарко, а таа пак се враќа. Сега му застана на устата. Нервозен Шарко, што не може да ја избрка мувата, силно замавна со раката по мувата за да ја убие, али мувата избега, а Шарко си ги срони сите предни заби од устата. Облеан во крв и со болка, а лут на себе, тој се свитка како клопче.
Мувата одлета кај волците досадувајќи им сега нив. Тие лути се свртија кон неа; гладни сме муво и лути, бегај не се задевај. Таа се поткачи на високо и му вели е токму тоа сакав да ви го кажам! Шарко е без сите заби и ништо повеќе не ви може. Му кажа како го доведе да си ги искрши забите. Сега можите да имате добар ручек подарок од мене.
Се разбуди Шарко и виде крв пред него па свати дека не е сом со неговите заби, се исправи на нозе и право кај господарот. Кога му кажа што и како се случи, стопанот се насмеа али брзо се созеде и зажали за Шарко велеејќи му:
Не бери гајле, же ти давам попара за јадење, али знам повеќе ти е за волците нели! Ти мислиш дека сега лесно ќе не напаѓаат. Јас и за тоа имам лек.
Утре нема да одиш никаде од дворот надвор, јас ќе отидам во градот, па после се ќе ти објаснам.
Шарко се страмеше со неговата постапка, али тоа веќе се случи.
Стопанот рано отиде во градот кај ковачот па порача гушник за Шарко со остри метални шипки како ножеви.
Се врати дома и прво отиде кај Шарко.
Дојди сега да ти објаснам. Го извади гупникот од торбата и му го стави на вратот на кучето.
Ги гледаш овие боцки и глутница волци да те нападнат ништо не ти можат и ако немаш повеќе заби секачи.
Му ги замазна влакната околу гушникот да не се познава ништо на вратот.
Заминаа со овците во планината и си легнаа под сенката.
Волците ја знаеја прикаската од мувата на седат наспроти нив да скројат план како Шарко да им биде добар ручек.
Се доблиза еден волк до Шарко и му вели: Шарко каде ти се забите дојди малку да се побориме. Шарко ја поткрена опашката и се насмеа, ела ако ти држи и пробај.
Волкот се засили и право на вратот на Шарко со острите заби. Се слушна само ронење на острите заби од волкот кој го гризеше Шарковиот врат.
Волкот се исплаши и со сета силина избега. Другиот волк не виде што се случи и со сета сила се нафрли на Шарковиот врат.
Сите заби си ги срона и стопанот замавна со стапот неколку пати по главата на волкот, тој се струполи до Шарко.
Седна стопанот под сенка а до него дојде Шарко мафтајќи со опашката заблагодарувајќу му се за доброто што го направи за него.
Нема потреба да ми се заблагодаруваш, па нели сме ние другари и си помагаме во добро и лошо.
Мувата го гледаше сето ова ама никако да свати што се случи.
Се врати кај првиот волк и кога го виде полеан со крв и лут како офка не знаеше што да каже.
Волкот се погледна кон неа велеејќи, никој не ми е крив што сум тргнал по умот на една мува. Си ги изгубив забите и братот.
Мувата се врати кај Шарко али немаше смелост да му се доближе зошто не знаеше што и за неа тој сега смислил.
Па има доста други на кои можам да му досадувам не само Шарко. Таа одлета далеку да пронајде друга жртва за досадување и брзо излета во непознат правец.
Среќни Шарко и стопанот со напасени овци се вратија во својот дом.
Автор: Љубица Бакаловска
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.