Нејзината тајна ја доведе лице во лице со смртта – Мистикот од Морана

            Што претставува човечката љубопитност? Тоа е чувство кое дава ветер в грб.  Ветер кој те тера да се движиш сè подалеку и подалеку. Отвореноста на човечкиот ум некогаш може да ни ги отвори вратите на опасноста, да ги ослободи прангите на смртта.

            Мојот отворен ум ми дозволува да бидам современ родител, современ татко кој може да влезе во чевлите на своето дете. Дете, колку само топло звучи. Но, таа повеќе не е она мало девојче кое ја сакаше розевата боја, која светот го гледаше низ очилата на наивноста. Таа ја надмина дваесеттата година, а животот реши да ги надмине нејзините очекувања. Сè се одвиваше тивко, но со забрзано темпо. Ова звучи како нов купен автомобил со брз мотор. И за мене беше едно добро возење, возење на животните картинг-патеки. Таа е млада, но нејзината младост и наивност не се поклопуваа со нејзината сигурност и желба за автентичност. 

            Големиот град може да те направи скромен човек со големо искуство или човек со големо его. Во што ќе еволуираш зависи од тебе. Таа не се претвори во ништо, туку тој ѝ го претвори животот во жив кошмар. Тајната врска без врска која се одвивала, била само затишје пред големата, гласна и болна тишина.

            Тоа беше тајна врска која ја уништуваше бавно, но сигурно. Тоа беше љубов проникната со трње и солзи. Љубомора и психофизички напад, би бил насловот на нивната тајна љубов која се претвори во јавен кошмар.

            Болното откритие на врската со алките на злото донесе низа од солзи, низа од медицински таблети за смирување и гласот на потиштеноста. Што се случи? Кога? Каде? Како? Моето девојче, беше извичникот меѓу милионите прашалници. Тој извичник носеше голем крик, тој извичник се заби во срцето како отровна стрела. Тој извичник произведе крик кој машки го поднесов. Сè за неа, сè за мојот цвет кој ми венее пред очите. Сè за мојот цвет на кој му дадов светлина, топлина, живот. Тогаш сфатив дека тишината може да боли повеќе од стотици зборови. Нејзината истоштеност од траумите ја тераше постојано да биде потоната во сон, сон кој ѝ ги одвлекуваше мислите од страв, го смируваше исплашеното и расплакано срце. Нејзиното ослабнато тело бараше сон, сон и само сон. Во тој длабок сон таа се запозна со смртта, ја погледна в очи и несигурно ѝ кажа дека ќе се спаси од неа.

            И по црната светлина сокоја тагата ни ги нашминка очите, сонцето на правдата  како исцелувачка светлина ни ги отвори очитеи ни го покажа вистинскиот сјај на светлината. Во потрага за вистината иправдата се јавија и пријавија дваесетина измачени женски души, души коиостанале без душа од  машкиот душевадниккој им го покажал другото лице на љубовта. Сведочеа и просведочија за нивнитестрадања, трауми и неговото променливо однесување кое им го промени животот.Тие сведочеа и докажаа дека се посилни од силеџијата со слаби нерви. Идентитетотна полицијата ѝ е одамна познат, приказните веќе слушнати, доказите веќе скриени. И когавеќе сè е познато, и силеџијата се запозна со неговата затворска ќелија и содушевната растроенот, со која скапо ќе ги плати графитите од трауми оставени намногу женски срца.

Автор: Мистикот од Морана

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели