Skip to content

Џан-џин

Џангарак ѕуни в’ приквечерина.

Расплела самовила бледа дамнина.

Темјанушка завеана со мирис опоен.

Џан-џин нема , само мир спокоен.

Руното обацано, носено на џафте корзо.

Млада силуета, со вајано торзо.

Седнати двамата еден спроти друг.

Погледи безброј, без почеток во круг.

Лавираат думи, мудро кажани.

Без простор за ѕвезди симнати.

Свршена вечер, јаблани поминати.

Пат под нога, приказни недокажани.

Напишете коментар