Македонска поезија Поезија

Таинствениот том

Да би бил умот перо, а небото хартија.

Кога би биле и мислите ибиси…

Би го напишал таинствениот том.

Бескраен, како летот на ибисот.

Да би било морето платно, алгите четки.

Кога би биле и желбите делфинести…

Би го насликал плавилото при ведута.

Но како кога мислите се во папазјанија.

Светот во сивило.

Умот розев пак,

се бори за триумф, поетичен.

При ларнакс подготвен за завршната,

поворка.

Пишувам приказна, не насликана.

Осамена и однесена од далгите.

Слични написи

4 thoughts on “Таинствениот том

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје