Занимливости и информации Културни настани

Добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ е академик Катица Ќулавкова

Академик Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/2019 во Сицилија, Италија, за песна по слободен избор.

Според жирито, нејзината песна „Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ е „компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран кој ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето“.

Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес, образложува жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, книжевници од Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал „Анџело Ла Векија“.

За учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“ се пријавиле повеќе од сто поети од Македонија. Втората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски.

Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

Извор: Нова Македонија

Слични написи

2 thoughts on “Добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ е академик Катица Ќулавкова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје