Занимливости и информации

Добитник на наградата „Радоје Домановиќ“ е Христо Петрески

Годинашен добитник на највисоката меѓународна награда за книжевна сатира што се доделува во Србија е македонскиот писател Христо Петрески.

Годинашен добитник на највисоката меѓународна награда за книжевна сатира што се доделува во Србија е македонскиот писател Христо Петрески.

Тој го доби признанието Екселенција на сатирата – награда Радоје Домановиќ за најдобар странски сатиричар.

Покрај Петрески, оваа висока и значајна меѓународна награда ја добија и познатиот македонски сатиричар Миле Ѓорѓијоски, како и Сергеј Сидоров од Русија, Анджеј Маевски од Полска и Драган Копривица од Црна Гора.

Свеченото врачување на меѓународната награда Радоје Домановиќ ќе биде на 22 февруари во Здружението на писателите во Белрад.

Извор: cooltura.mk

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје