Чистина извираше од
нејзините очи,
не знаеше за грев и злоба
пливаше во сопствена слобода.
Јасна и кревка
беше нејзината душа
мека како памук
сè додека ѓаволот не го послуша.
Белите крилја ги скроти
иконскиот лик се расипа
грешката скапо ја плати
со црни крилја се опсипа.
Духот се скрши како стакло
болката од познато потекло
се лееше како брза река
знаеше дека казна ја чека.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.