Skip to content

Конкурс „Романијада“ за избор на најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори

Култура

Водени од желбата да се поттикне креативната мисла кај младите, а исто така да им дадеме шанса на младите домашни автори да се промовираат, и особено охрабрени од досегашниот интерес на претходните изданија на конкурсот, Култура АД Скопје го распишува конкурсот за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2019 година. 
– пишува на официјалната страна на организаторите на конкурсот.

Критериуми за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА:

  • Aвторот да не биде постар од 35 години;
  • Авторот да нема објавено книжевно дело;
  • Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;
  • Ракописите не треба да бидат помали од 100 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;
  • Ракописите треба да се достават по електронски пат на: [email protected] со назанака: РОМАНИЈАДА, до 15 февруари 2019 година.
  • Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото.

Пристигнатите ракописи ќе бидат евалуирани од страна на жири комисија во април 2019 година.
Добитникот ќе биде објавен до крајот на мај 2019 година.

Aвторот чиј ракопис ќе биде оценет со највисока оценка, ќе склучи ексклузивен издавачки договор со издавачката куќа Култура АД Скопје.
Наградениот ракопис ќе биде издаден во септември 2019 година.

Извор: kultura.com.mk

Напишете коментар