Вашиот глас

Копнеж – Ертинез Реџеп

Чекавте татковци и мајки, ќерки и синови, браќа и сестри..сте ја подготвиле масата со топла храна. Ги броевте моментите, после нашите последни повици, го слушавте отчукувањето на часовникот, чекајќи. Чекавте, ама не дојдовме. А што можевме?!
Зарем може човек да се спротивстави на црниот ангел наречен смрт?!

Нè зема и нас, без збогум, без те сакам сине, мајко, татко, брате или сестро.
Го слушаме вашиот плач, врисок силен, ќе ве разберат оние што изгубиле некој свој. Ќе ве тешат тие другите, а не знаат и никогаш да не знаат како е да зборуваш со тишината, да плачиш по душа која не може да ти одговори. Да не дознаат како е да ти е полна душата со копнеж и болка. Ама чекајте, затоа што еден ден можеби повторно ќе се видиме. До тогаш збогум, луѓе наши, збогум до родителите, до браќата и сестрите, збогум до сите.

Автор: Ертинез Реџеп

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје