Skip to content

Болка – Марина Додевска

  • by

Боли кога некој ти недостасува,
кога саканата личност не е до тебе,
кога чекаш некого до доцна,
а тој не доаѓа.
Боли кога некој те повредува со зборови,
а не со остри ножови
кога немаш никој покрај себе
да те утеши, да те насмее.
Болат спомените
и се што те потсетува на минатото,
болат нештата кои веќе не можеш да ги вратиш назад
и секоја пролеана солза 
за човекот кој го љубиш.
Боли кога некој ќе ти го сруши целиот свет,
кога некој ќе загубиш
што ти значел се во живот.
Боли кога несвесно ке навредиш некого,
кога љубовта нема да ти биде возвратена.
Боли кога ќе решиш да заминеш со безброј прашалници во главата
боли неправдата.
Боли кога ќе ти забодат нож во грбот
и секојпат кога срцето ќе ти го распарчат на ситни делчиња.
Боли игнорирањето како и лицемерството.
Боли лажното пријателство,
а уште повеќе болката на родителот по своето чедо.
Болат студените четири ѕида како и самотијата.
Боли додека со тешко срце рано в зори
ја напушташ родната земја мислејќи 
дека има подобри од неа.
Боли додека ги голташ зборовите
ко парче леб наместо да ги изустиш,
додека ставаш маски на лицето
криејќи ја тагата во себе.
Боли човеку
секој нареден ден се посилно
боли многу повеќе од
секоја удрена шлаканица,
од секоја грабнатинка на телото,
боли многу повеќе од се друго
зашто душата не заздравува толку лесно
како и раните на телото
Раните на телото се лечат,
но не и една ранета човечка душа.

Автор: Марина Додевска

Напишете коментар