Skip to content

Љубов

Љубов…

Велиш љубов е да љубиш љубезно

Но дали љубезно седна под сенката моја

Која покри се над тебе љубезно, крадешкум

Љубов…

Ме влечеш кон себе љубезно безобразно

Но како, кога љубезно те презирам

Те стискам, па сакам, љубезно те молам и отфрлам

ОДИ СИ!

Љубов…

Пет букви љубезно наредени една до друга

Но проклето дрско кажани, во недоумица

Повторно ли паѓаш во мрежата на љубезното

Љубов…

Зарем постои?

Напишете коментар