Ќе ви треба само една минута за да ја прочитате приказната, но истата може да ви го промени начинот на размислување.
Дваjца мажи озбилно болни делеле болничка соба. Едниот човек морал да седи на креветот секој ден еден час за да проба да ја испразни течноста од белите дробови. Неговиот кревет бил покрај прозорецот. Другиот човек морал да лежи целото време. Се зближиле разговарајќи за животот, фамилијата, детството, работата…
Секое попладне кога човекот покрај прозорецот седел на својот цимер му опишувал што гледа низ прозорецот. Човекот кој постојано морал да лежи почнал да живее за моментите кога неговиот свет бил збогатен со описите на работите кои се случуваат надвор.
Низ прозорецот се гледал парк со прекрасно езеро. Лебедите пливале во езерото додека децата си играле покрај водата. Парови шетале држејќи се за раце. Цвеќето во паркот било прекрасно, а во далечините се гледал и градот. Додека човекот покрај прозорецот ги опишувал сите детали, другиот човек ги затворал очите и уживал во сцените.
Едно попладне човекот покрај прозорецот опишал една парада која поминувала покрај болницата. Иако не можеле да ги слушнат звуците можеле да ја замислат радоста.
Минувале денови и месеци. Човекот кој морал да лежи станал љубоморен на својот цимер и посакал да добие место покрај прозорецот за да може да ги види убавините за кои слушал.
Во својата очајничка желба одлучил да го отруе човекот покрај прозорецот.
Едно утро влегла сестрата и го видела безживотното тело на човекот покрај прозорецот. Набрзо после тоа другиот човек ги замолил да го преместат неговиот кревет покрај прозорецот.
Сестрата прифатила, го сместила и го оставила сам.
Полека и со голем напор, станал да погледне низ прозорец. Видел само ѕид. Ја прашал сестрата за мислење, зошто другиот човек опишувал толку прекрасни видици. Сестрата му рекла дека другиот човек бил слеп и дека не ни можел да го види ѕидот.
Рекла: „Можеби само сакал да ве охрабри и да ве направи среќен“.
Поука: Големата среќа се состои кога правите некој друг среќен, без оглед во која ситуација се наоѓате. Кога ја делиме тагата на половина е полесно, но кога ја делиме среќата на половина таа е поголема. Ако посакате да се чувствувате богати, изброете ги сите работи кои ги имате, но кои не можат да се купат со пари. Не бидете љубоморни на другите луѓе, туку работете на себе. Поделете ја среќата и направете некого среќен. Во спротивно ќе бидете огорчени и сами пред ѕидот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.