Skip to content

Сам довека – Вукашин Ступар

  • by

Снегулки паднати на дланки
стопени, измамени
од невремиња
со грутки в срце
времиња
ех да не беа
да не постоеа
да не никнуваа
како кокичиња
тешки болки
измамувања
од бескрајни 
татнежи
во душава празнина
заклучена
и никако да пушта
препушта на моменти
солзи и лелекања
од пустите
желби неисполнети
проколнати
засекогаш останати
на моите плеќи износени…

Автор: Вукашин Ступар

Напишете коментар