Не мислам веќе на тебе. Што фајде, и онака ќе дојдеш ти кога сакаш. Не дека ако се подготвам или со време фатам работа подготвена ќе ме нaјдеш.
Јас како тргнав со желбите и соништава веројатно уште еден живот ќе ми фали да постигнам сè .
Така да, исто е кога ќе дојдеш, секогаш ќе има нешто што ќе остане неисполнето.
Не мислам веќе и на тоа како ќе биде моето заминување.
Полесно или потешко што е важно. Важно е ќе заминам.
Па и не знам како е поарно искрено. Според народ едно, црквата друго и кога ќе видиш крајот е ист.
Не мислам веќе и на тоа, кога ќе дојдеш дал ќе бидам сама или во,, друштво ”. Од толку смрт што се изнагледав, сфаќам дека во таа посмртна агонија па и не си свесен дал има некој до тебе.
Значи и тоа не е важно!
Важно е ќе дојдеш! Кога? Веројатно кога ми е пишано. Или не?
Пишан ли е крајот на животот или сами го пишуваме!? Којзнае!
Автор: Дијана Стојаноска