Вашиот глас

Научи да сакаш – Анетка

Врати ми ја, врати ми ја среќата желба несудена,
остави ме каде што сè ова започна,
сега знам како да продолжам,
сега знам колку да сонувам,
знам колку да се радувам.
Не сум јас кукла твоја мала
да ја оставаш и земаш кога посакаш,
чувствата во срце сами доаѓаат,
не ги избираш.
Бараш да сум некој посебен,
а штом полетам крилја ми скратуваш,
на подот во солзи ме оставаш.
Оставаш и долго забораваш,
а јас пак верувам.


Има нешто во тој поглед што ми значи,
има нешто во тие очи,
нешто што надеж зрачи,
има нешто на патот што ме спречува
да свртам грб и да заминам,
не запирам продлжувам
и се борам за нас.


Мечтите се како забранети соништа
за ова срце што верува,
ова е време на прељуба,
а јас те молам не бриши нè од картите на љубовта,
не гаси го времето измерено со секој здив
кој крај тебе го вдишувам,
зошто јас не запирам повторно се борам за нас.


Има нешто во тој поглед што ми значи,
има нешто во тие очи,
нешто што надеж зрачи,
има нешто на патот што ме спречува
да свртам грб и да заминам,
не запирам продлжувам
и се борам за нас.

Зарем љубовта е во омраза бура скриена,
зарем вредноста нејзина е лага од бес кажана,
сега те молам научи да сакаш,
зошто јас не се откажувам,
не сакам да верувам не верувам
не верувам…

Има нешто во тој поглед што ми значи,
има нешто во тие очи,
нешто што надеж зрачи,
има нешто на патот што ме спречува
да свртам грб и да заминам,
не запирам продлжувам
и се борам за нас.

Ноќта испиша нова страница,
ме остави во твоја прегратка,
и се траеше кратко,
како миг за украден бакнеж
остави недовршен траг во срцето мое ,
Мислев дека ако те гушнам премногу силно
ќе го запрам времето
и утрото нема да дојде рано,
а сега сум сам, сам сам…

И се скина душава на два дела,
едниот за да потсетува,
другиот да те гушка кога не ќе можам јас.
Секоја мисла во вино ја потопувам,
со песна сакам да заборавам,
а во секоја капка те пронаѓам.
Боемскиот живот,
ти и јас сме звук што во срце се ткае,
Дали некој вечно да љуби знаел?…

Ти си мразот душа што ми стега,
Болка си од која срцево не сака да бега,
И пламен во очиве што гори,
Долго за нашава ќе се збори,
Исто толку долго колку што за да заборави
секој дел од мене со времето ќе се бори.

И се скина душава на два дела,
едниот за да потсетува,
другиот да те гушка кога не ќе можам јас.
Секоја мисла во вино ја потопувам,
со песна сакам да заборавам,
а во секоја капка те пронаѓам.
Боемскиот живот, ти и јас сме звук што во срце се ткае,
Дали некој вечно да љуби знаел?…

Автор: Анетка (Анета Петрушевска)



Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје