Кратка, но поучна приказна за еден самурај. Обидете се да го примените советот од оваа приказна – ќе ви го олесни животот!
Еднаш си живеел еден стар и мудар самурај. Имал група ученици и ги обучувал на мудрости и воени вештини. Еден ден за време на обуката, кај него пошол еден млад војник познат по својата грубост и суровост… Негова омилена тактика била провоцирање: го навредувал противникот кој губел трпение, го прифаќал предизвикот, но во бесот правел грешки една по друга и секако, ја губел борбата. Така се случило и сега: војникот извикал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со предавањето. Ова се повторило неколку пати. Кога самурајот никако не одрегирал и по трет пат, војникот се налутил и си заминал од предавањето.
Останатите ученици внимателно и со заинтересираност ја посматрале оваа ситуација. Откако заминал војникот еден не издржал: -Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!
Мудриот самурај одговорил: -Кога некој ви носи подарок и вие не го прифаќате, каде ќе заврши подарокот?
-Кај неговиот сопственик, одговориле учениците.
Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Сè додека не ги прифатите, тие ѝ припаѓаат на особата која ги донесла.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.