Зборови без душа – Ертинез Реџеп

Ме впии ова твое ново-старо создадено море..море со боја на мастило. А знаеш што е најлошо? Што со секоја твоја лага и празна надеж, тоа станува уште поголемо и подлабоко. Ме нишат брановите..сега сум на средината, а за момент на врвот. Некогаш како едвај да чекаш да ми ја видиш кожата, само што ќе видиш дека се препелкам со рацете над море, а ти веќе си ми ја фатил раката.
Ми ја држиш така цврсто како да никогаш нема да ми ја пуштиш..ама не. Господине свесно го правиш тоа, со другата рака се трудиш да бидиш магнетот меѓу другите. Викам гласно, ме слушаш лии? Ајде извадиме, спаси ме од ова твое море, да одиме таму каде што нема пат за назад, или пушти ме.. пушти ме да се удавам, не ми ја фаќај веќе раката. Затоа што не знаеш дали ти требам, не си ти човек од збор, зборовите ти немаат душа. Еве чувствувам болка, крварам, ме потиснале овие остри карпи.. Крвта се измеша со оваа боја на мастило. Тебе тии викам, слушни ме, тее сакаав.. Уште сум на врвот на морето, ама полека тонам..нешто ми ги влече нозете надолу. Можеби некој бил побрз од тебе?! Ја помирисал крвта па трагал по мене. Фраерштино на дното сум, не ја чекај раката моја веќе фрли го погледот на другата страна. Кожата ми се вапцосала, имам крв по телото, а низ вениве црнила.. Ама, солзи ми течат, и мртвите знаеле да плачат. Солзите бар се чисти, како душава во мене..ми го измија ова парче кошула што го скинав за да ти пишам, можеби ќе стигне до тебе парче запечатено со крв. Читај сега ете, кога знаат луѓето дека некој ги сака спокојно им е тоа што го имаат во нив, тоа што не можеш да го наречеш душа.

Автор: Ертинез Реџеп

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!