Шест години блогирање!

Шест години блогирање, шест години исполнети со активности поврзани со пишување. Зад нас иаме организирано еден успешен конкурс за најдобар краток расказ, дарување на книги, над 900 постови, над 70 илјади прегледи од почетокот до денес, над 36 илјади посетители, над 200 коментари и посети од над 20 држави од цел свет. Не блогираме поради бројки, бројките не се ништо во споредба со љубовта што ја вложуваме во сè што правиме.

Сè што правиме сакаме да биде оригинално, но и да предизвика емоции кај читателите. Вашето посветено читање ни влева надеж дека сепак постојат луѓе и читатели кои го ценат и почитуваат пишаниот збор. Оваа година сакаме да Ве повикаме и поттикнеме да ни омогнете за заедно да го ПРОШИРИМЕ и рашириме пишаниот збор. Сакаме да ни помогнете блогот да допре до секој читател кој вистински е љубител на читањето и на она што ние го правиме.

Не бидете себични и повеќе споделувајте нè, само така ќе го прошириме убавиот пишан збор. Без вашата поддршка ние би пишувале само за себе. Но тоа што активно се вклучувате нам ни говори дека имаме ОДГОВОРНОСТ пред вас, да бидеме подобри, попрецизни, пооригинални, полни со новитети и интересни содржини кои ќе го задржат вашето драгоцено внимание.
Исто така, ни дава до знаење дека пишувањето е обостран процес – ние пишуваме, а вие одговарате (реагирате) на напишаното на повеќе начини.

Од името на целиот (мал) тим и од мое име, сакаме да Ви се заблагодариме за тоа што „патувавте“ со нас сите овие изминати години! Фала на поддршката, коментарите, учеството во конкурсот, лајковите, споделувањата, учеството во наградните игри (дарувањата), фала што нè читате и сте наша верна читателска публика!

Нека е среќна шестката, се надеваме ќе го продолжиме заедничкото патување и во следните години заедно со вас! Среќен роденден на блогот.

 
 
close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!