Конкурси

„Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе ја доделат наградата „ПЕГАЗ“ за најдобар необјавен роман на годината

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат првиот конкурс за новата книжевна награда за најдобар необјавен роман на годината – „ПЕГАЗ“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца.


Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во ворд или во пдф-формат), на следната е-пошта: [email protected] Конкурсот ќе биде отворен до 15 мај 2019 година.


Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот.
Наградата „ПЕГАЗ“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна во септември 2019 година.

Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи. Наградите ќе бидат врачени на засебна свеченост, додека планирано е да се направат промоции на објавените романи низ повеќе градови во државата, со што ќе се овозможи и читателите од внатрешноста да се запознаат со квалитетната домашна литература.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје