За баба ми – Дијана Стојаноска
Чинам сношти беше
на сон ми дојде,
онаква каква што беше,
со шамија забрадена,
и тивко налик на тебе ми рече:
-Ти невеста чедо беше
а баба не те виде!
Чинам сношти беше
на сон или јаве и не знам веќе како беше
сакав да те гушнам и да ти кажам
-Јас бабо уште те сакам
Чинам како вчера да беше
во невестинска руба
невестинско оро поведов,
а баба не беше
Изгоре мерак се пеплоса!
Писаније не било
баба ми моја орото мое
свадбарско да го види!
Автор:
Дијана Стојаноска
