Ваши дела Конкурси

Сакав да ти кажам ,,те сакам”

Сакав да ти кажам премногу нешта,

Но имав премалку време,

сакав да ти кажам дека целиот свој живот

сакам да го поминам покрај тебе.

Сакав да ти кажам ,,замини засекогаш”

но, зборовите в грло ми застанаа уште пред да ги изговорам,

сакав на тој начин некако успевам да побегнам од твоите прашања

кои знам дека никогаш не ќе можам да ти ги одговорам.

Сакав да ти кажам дека те сакам

дека не можам да живеам без тебе,

но и овој пат гордоста како цврст ѕид ме спречи

тивко шепнувајќи ми дека не те заслужувам.

Понекогаш и самиот се прашувам зошто ли сѐ уште молчам

и секој ден веќе по кој знае кој пат репризно се повторува,

можеби стравот дека студено ќе ме одбиеш е пресилен

и не му дозволува на моето срце да зборува.

А тоа секој пат кога ќе посака да зборува нешто го спречува

и иако знае дека само со покривање раната никогаш нема да се излекува,

продолжува длабоко во себе оваа љубов да ја прикрива,

со надеж дека храброста за да го стори тоа

еден ден само така ќе му долета од небото

преку некоја птица белокрила.

Еден ден…

Но, кога ли ќе дојде тој проклет ден?

Можеби уште утре, а можеби и никогаш…

Зар не гледаш што ти зборуваат мојот поглед и моите очи,

она што мојата душа очајнички на целиот глас сака да го викне,

зар навистина не го слушаш?

Колку ли е тешко да се кажат тие два збора?

Во животот едно ,,те сакам” може да значи многу понекогаш,

може широко да ти ја отвори вратата на љубовта,

но, исто така може да ти го затвори срцето

за да тие зборови не ги изговори веќе никогаш.

Но, тишината е најмрачна и најболна од сѐ,

зар по толку време сѐ уште вреди да го чекам тој ден?

Затоа, подобро е да го прифатам облогот со самиот себе

и да ти кажам ,,те сакам”,

по секоја цена, дури во животот тој да ми биде и последен.

Автор:
Александар Николовски

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје