Во мислите ми доаѓаат зборови,
се препелкаат, движат,
се тркалаат во утробата
чиниш ќе ми ја искорнат
мислата на поминување
и пак ќе има недоумици,
Ќе бидам ли истата јас.
Времиња немирни,
желби растргнати и неорганизирани,
ќе може ли да стигнам во очекувањата
без зародиш на нови посакувања,
ќе ги остварам ли побарувањата
за нови јатки на минувања
во рачекор со секојдневието.
Остануваат мислите недоречени,
посакувањата ненадојдени,
а се р’тат во утрината
и нови размислувања
на старите и нови збиднувања
што треба или не да ги имам.
Ќе побарам расплет на овој расчекор
за да ја создадам новата јас.
Автор:
Зинка Трендовска
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/krajbrezje.mk_.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)