Skip to content

За блогот

„Крајбрежје“ – еден поинаков блог, кој во поинаквоста вие го засакавте и го поддржувате секојдневно. 

„Да го негуваме пишаниот збор, литературното творештво и култура, да ги поддржиме македонските автори во нивната творечка дејност, но да не ги заборавиме и светските автори кои играат важна улога во современата книжевност, како и останатите автори од сите книжевни правци кои твореле во различни епохи“ – мотото на блогот.

Порака дo читателот: Вие сте на вистинско место доколку сте љубители на пишаниот збор и знаеме дека ќе се вратите повторно. Ви гарантираме дека времето кое го посветувате на нашата страна нема да ви биде залудно потрошено!
Нашата цел – промовирање на литературата (пишаниот збор), споделување на мисли, ставови и книжевни разговори, известувања за актуелни конкурси или накратко духовно збогатување на секој еден кој има пристап до интернет и го чита нашиот блог.

Ова е книжевно катче во кое може да се пронајде секој љубител на пишаниот збор, а и на културата.
Без вашиот фидбек ние би пишувале само за себе и никој не би имал пристап до нашите размисли.
„Крајбрежје“ е онлајн заедница која ја сочинуваме ние кои стоиме зад него, но и сите вие што допринесувате да имаме разновидни содржини.

Драги
читатели  ви благодариме за посетата и за времето што го одвојувате читајќи го нашиот блог. Ни значи секој ваш коментар, пофалба, критика и предолг.

Напишете коментар