Ваши дела Конкурси

Прокисна таванот на Ноќта

Прокисна исто како во пророштвото

Таванот на ноќта

На запад молкот се завлече со цвилење болно

Само на три гроба непознати процветаа белите ружи

Не се чудете сега зошто на небото нема веќе ѕвезди

И зошто избегав во длабочините на животот

И Јас и Гавранот црн, кој ене го молчи во осојот.

Ни ноќва

Нема да се поклонам на лицемерието и нема да лажам

Навистина вчера во заодот

Беа убави очите на курвата додека страста вриеше, и

Бесрамно небаре е кучка бараше

На дождот љубов да водиме, среде плоштадот осветлен

Та до мугрите да прегориме, гламји да се сториме.

Ех небо небо, мој проколнат дом од мечтите

Во оваа пустина недогледна болката жедно пие од крвта моја

Зароби ми го јазикот, врзи ми ги рацете, осуди ме на вечност

Но не ме терај маска на ликот да носам

Со сенките на пољани да танцувам.

А ти мугро немирна што се кикотиш тивко и невино

Слушам сакаш повторно додека спијам во мислите да ми буричкаш

Барајќи го во пепелта каењето што го кријам

Немам сила да те прегрнам разбери, солзите ми се безвредни

Само помини покрај мене

Слушаќи ја симфонијата на срцето создадена од зборовите недоречени.

Прокисна, прокисна таванот на ноќта

Исто како во пророштвото

Нечекајќи да го помирисам цветот на црешите.

Автор:
Никодин Чернодримски

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје