Порака на љубовта – Соња Гаврилова

Во секое руво облечи ја,

таа ќе заблеска.

Од очи, солзи ќе избрише

срце таговно ќе намири,

без зборови, со поглед

ќе раскаже,

утеха на болни ќе даде,

војни ќе затвори

за надеж и верба,

широки порти, ќе отвори.

Таа, единствена и моќна

со име бесмртно, вековно,

отсекогаш била,

љубовната сила,

во човечки гради

за навек,

топло гнездо, свила.

Автор:
Соња Гаврилова

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?