Ваши дела Конкурси

Искреност

Во зборовите пронајди ја кроткост

остави ги мислите сами да се ројат

секој збор ја има својата ровкост

чувствата никогаш не се бројат.

Дозволи им мир на нервите твои

искреноста ја има во животот

милоста од човекот не се двои

во природата се познава патот.

Се ќе помине, кревко е нашето тело

да не дозволуваме тоа да чемрее

поттикнувањето во животот е цело

со полна и тивка спознаја да живее.

Повторно јас ќе ти речам тогаш

весела песна ја пишувам со рака

те имам и љубам за своја сакана

во секој миг се чувствувам така.

Знаеш ли што во мене се случува

емотивното го запознавам во себе

од лицето со очите тè видувам

ранобуден зрак стои покрај тебе.

Искреноста во мене не дрема

ја презима сила која ја имаме

мисла од умот ја гради и презима

ја подарува со нова содржина.

Миговите минат, а ти си до целта

треперењето се чувствува во снага

срцето и душата те благословуваат

упатената искренос е до тебе драга.

Автор:
Божидар Јовиќ

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје