Таа – Јасмина Јосевска

Во тишината

уште една тишина

а јас не знаев,

па таа бакнувала,

ме допирала,

ме создавала,

а јас просто не знаев.

Заминувам ли

од твоето простување

пред да се окова

шамарот од сонцето?

Птицо ти ли си?

Во чии очи ти гледаш?

Пазувите каде бев,

чии раце на жена-мајка

ме чуваа до сега?

Преплетена си

тишино со својот молк,

покрај сѐ

ме откинаа чемерите

во небиднина негова,

фрчеше долговечноста

што суша ме исуши,

моето лице со уморот остана на

огновите

што од чекање збеснаа.

Тишино на невидливоста

сама ли си што ми се крадеш,

ти дозволи ли некој

очите да ми ги земеш

во бдеењето

за моите недосудени дни?

Автор:
Јасмина Јосевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?