Дома

Нека запре времето кога твојата

прегратка ќе ја сетам

нека ме напушти сета тежина

па нека летнам.

Денот нека не згасне

кога очи ќе ти видам

вечно само твоја нека бидам.

Нека ме издаде срцево

колку те љубам

за ништо на светот

не сакам да изгубам.

Нека се разлисти гора

кога ќе ме бакнеш цвет нека никне

на дрво и на камен.

Нека запее славеј

кога глас ќе ти слушнам

душата тогаш да ти ја гушнам.

Нека месечко патот ти го злати

само дома да ми те врати.

Автор:
Розета Тушевска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?