Skip to content

Другарство

  • by

Другарство е птица што бескрајно лета,

со него  животот  ми цвета.

Другарството мое никогаш не се гасни

 заедно да трчаме  низ прекрасни басни.

Моето другарство  значи

Големо сонце над мене што зрачи.

По цел ден учиме а за викенди

Со музика си  бучиме.

Со него по цел ден на улица се дружиме

А во паркот со велосипеди кружиме,

По цел ден тоа не смее

Детската соба од игра и смеа грее.

Автор:
Огнен Најдовски  Ⅴ-5 одд
Ментор: Светлана Бобевска
ООУ„Блаже Конески“ Велес

Напишете коментар