Љубовта е магична моќ
магично стапче, магичен збор.
Љубовта е моќен глас во тишината,
таа е како сонце јасно,
која без зборови, зборува гласно.
Љубовта е како среќа,
како птица со раширени крилја,
како пролетен цвет кој убавини шири,
насекаде низ целиот свет.
Љубовта ја има насекаде.
Кога љубам значи мислам на некој кој ми е драг,
на мама, тато, на помалиот брат,
на другарот кој вреди злато,
на татковината, природата и убавината.
Љубовта треба несебично да се дарува,
таа ни дава сила, голема надеж и бесцента среќа.
Затоа љубовта не смее да згасне во никој од нас,
треба да ја има насекаде околу вас.
Автор:
Марко Стојановски v 5одд
ООУ„Блаже Конески“ Велес
Ментор: Светлана Бобевска