Не те затворив во кафезот!
Слободно леташе низ просторот,
се восхитував на секоја твоја мелодија
која ми ја пееше на рамења.
Но, камен ми стави на срце
кога одлета низ прозорец.
Набрзина се нурна и излета,
никогаш повеќе не те видов.
Сека кога снеже снежи над стреа,
тебе те видов под неа.
Со смрзнати крилја!
Ти птицо моја најмила!
Мразот ти ја испил снагата,
студот ти го здрвил клунот.
Модрилото ти ги обзема канџите.
ми падна под пенџер.
Денес птицо песнопојко
препушти им се на дланките.
Чинам оваа белина
не ти ги покри сите спомени?
Што од дамнина ги миневме заедно
Замрзната од студот..
Занемена во гласот..
Свиена во снежната белина.
Дланките ти ја подигнаа снагата.
Со топлината моја
мразот ќе го стопам.
Од врелината на солзите
ќе ти ја напојам душата.
Топлината да ти ги размрда дамарите.
Ќе те свиткам во пазуви!
Во прегратките и студот оган бидува.
Од растрепереното срце
мразулците по снагата ќе се лизгаат.
Мора да те спасам песнопојко!
Повторно ќе ја слушам песната твоја,
како ја пееш од дланката моја.
Автор:
Маја Трајковска – Тоника