Конкурси

Правила за избор на најдобра песна

Здраво почитувани учесници и сите оние кои допрва ќе нѝ испратат литературни творби.

После пристигнувањето на вашите дела кои се во голема бројка на наше задоволство (и се надеваме дека бројот ќе се зголемува до крајот на конкурсот кој трае до 5.5.2019 г.) одлучивме наместо една најдобра песна поради големиот интерес од ваша страна, да направиме избор составен од 2 категории.

Поради различната возраст на учесниците сметаме дека треба да има рамноправност во изборот па затоа:

  • во првата категорија ќе се одбере една најдобра песна за автори до 18 години
  • а во втората категорија ќе се одберат 3 најдобри песни (прво, второ и трето место) за автори со возраст 18+ и притоа во двете категории ќе има соодветни симболични награди.

Комисијата составена од надворешни членови ќе го направи својот избор според нејзини критериуми кои ќе бидат објективни и компетентни и потоа ќе ги соопштиме резултатите после тој процес и сите учесници ќе бидат известени, а наградените ќе бидат исконтактирани.

Потсетување уште еднаш за начинот на испраќање на следниот линк: Конкурс

Уште едно потсетување:

Similar Posts

One thought on “Правила за избор на најдобра песна

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје