Мојата татковина – Магдалена Ристеска

Патнику,

Застани на Балканот,

Погледај сонце каде грее

Каде насмевка се лее

Птицата слободно пее

Тоа, тоа е татковината моја.

Каде Вардар

Жубори и тече

Различни спомени

Со себе влече.

Татковино мила,

Ти што имаш златни крила

За мене најубава,

Од секогаш си била.

Како сонце блескаш,

Светлост во тебе гледам

Се што има убаво

Со гордост го гледам.

Секое дете има насмевка блага

Човек со човек се слагa,

Птицата слободно лета

Кој каде сака шета.

Убави градови,

развиени села,

чисти автопати

тоа е татковината цела.

Многу ја сакам

Татковината моја мила

Прекрасна е како слика

Македонија таа се вика.

Автор:
Магдалена Ристеска

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?