Неверство – Родна Јанчева

Ако дојдеш во ноќта и ја осветлиш

како мугра пред разденување

не буди ме.

Мугрите повеќе не се мое сонување.

Повеќе не ги чувствувам твоите бранувања

срцебиења и милни дарувања.

Се претворив во камен

кој се распаѓа скриен

во аглестата ноќ на заборавот.

Во студенилото се изгубија сите чувства

што знаеја да пловат

по твоето разголено тело

пред утрата на разденување.

Ја препознавам само темнината

во која талкам барајќи те со умот

зошто срцето ми остана кај тебе.

Не….. не доаѓај

зашто ќе најдеш само делови

од една парчосана душа

која не издржа и се изгуби во сонот

искован од неверство.

Автор:
Родна Јанчева

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?