Разделба
Се разделуваме…
Но, минатото наше
в сеќавање останува
сеедно каде оди
и каде застанува.
Се сеќавам…
На плажата езерска
се сретнавме ние,
а срцето почна
силно да ми бие.
И дознав…
Првата љубов тогаш
во мене се роди,
љубовта најсилна
в срце што ми броди.
Сега знам…
Времето брзо лета
и за тоа нема лек,
а љубовта наша-
имаше краток век.
Крајот дојде…
Ти замина од мене,
од онаа што те сака
и за последно збогум
ми подаде рака.
Се надевав…
За нови средби
ти пак ќе подадеш рака…
Но, времето ми шепоти
дека веќе не ме сакаш.
Автор:
Ева Василева VII одд
ООУ„ Никола Вапцаров“ – Струмица
Ментор: Даниела Пејева Митева