Си велам – Стојан Атанасов

Во себе си велам брат, остарев млад.

Уште една траума тешка,

патеката моја станува жешка.

Во себе си велам, дете сум сè уште јас.

Дали може ако не ви пречам да се искажам на вас…

Обичен ден, пред моето маало седам,

пред мене пожарна зачудено гледам.

Два чекори напред куќата моја гори,

моето семејство со смртта се бори.

Кај мене дома удрило гром,

паѓам на земја, се молам на Бога да е ова само лош сон.

Паѓам, се губам самиот себе

Фамилијо моја не сакам да те изгубам тебе.

Ја гушкам мајка, мириса на чад,

а татко ми издржал голем пад.

Со солзи ги гледам,

безпомошен на столица со икона седам.      

Можеби така требало да биде,                                   

јас сакам само мојата фамилија добро да биде.            

Можеби сега ѓаволот гори,                             

можеби Господ тоа за добро го стори.  

Автор:
Стојан Атанасов VII одд.
ООУ„Никола Вапцаров“ -Струмица
Ментор: Даниела Пејева Митева

               

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?